Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски „пукаше“ тројки во трумфот на Оуренсе

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски беше меѓу најдобрите играчи во втората сезонска победа на Оуренсе во Леб Оро лигата во Шпанија.

Оуренсе пред своите гледачи беше подобар од Албасете со 89-71 и тоа во дуел во кој Ѓуроски беше втор стрелец со 19 поени за 24 минути.

Тој уфрли пет тројки од девет обиди, еднаш погоди за два поени и реализираше две слободни, плус додаде 4 скокови.

Столе и другарите со 9 бода се на 12 место во втората шпанска лига. Во следното коло се соочуваат со Реал Валјадолид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни