Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте победнички ја отворија сезоната во Шпанија

Објавено

на

Стојан Ѓуроски и ХЛА Аликанте имаа успешен старт на новата сезона во втората лига на Шпанија.

Како гостин составот на Аликанте славеше над Баскет Џирона со 83:77. Три од четирите четвртини гостите ги реализираа во своја корист, па сосема заслужено се изборија за славје во премиерата во ЛЕБ Оро лигата.

Македонскиот репрезентативец кој се најде во стартната петорка беше автор на 8 поени, 2 скока, 2 асистенции за 30 минути минати на паркетот.

Прв стрелец беше Питс со 27 кошеви на кои додаде 1 скок и 4 асистенции. Во следното коло Аликанте е домаќин на тимот на Леида.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни