Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го мина Федерер, сега го брка последниот рекорд: Сите конци се во мои раце

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ изби на врвот на вечната листа по бројот на минати седмици како првопласиран на АТП листата, надминувајќи го неверојатниот рекорд на Рожер Федерер за кој се мислеше дека долго нема да биде урнат.

Швајцарецот беше 310 недели на врвот на светскиот тенис, а од денеска српскиот тенисер заокружи 311 недели како најдобар светски тенисер и со тоа испиша нова историја. Поради тоа, Ноле е топ тема во светската тениска јавност, но посебно во Србија каде направи и интервју за новинската агенција „Танјуг“.

– Не знам што е реално, која цел е реална и дали имам граници. За мене не постојат граници и затоа дојдов до овие највисоки успеси, до најголемите достигнувања во тениската историја. Максимално сум мотивиран да продолжам напред, каде ќе ме одведе тоа и каква ќе биде иднината, не можам да знам.

– Верувам дека ги имам сите конци во своите раце за нови успеси и нови рекорди. Со вистинските луѓе околу мене, тоа е возможно. Без моите родители, без мојот тим, без моите браќа, без мојата сопруга и децата немаше да бидам тука.

– Верувам дека има уште многу блескави моменти за мене. Возбуден сум што се уште имам пат за изодување, ќе видиме што носи иднината. Се надевам на нови успеси, нови трофеи, но дури и да не дојде до тоа, ќе бидам премногу горд на она што го остварив досега, – вели Ѓоковиќ кој сега го брка рекордот на Федерер и Надал по бројот на освоени грен слем титули (20).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни