АТП
Ѓоковиќ ги „олади“ организаторите: Протоколот за Ју-Ес Опен е екстремен
Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, денеска испрати порака до организаторите на Ју-Ес Опен, нарекувајќи го нивниот предвиден протокол како премногу екстремен.
Тенискиот грен-слем кој треба да започне на крајот на август и тоа без присуство на публика, но Ѓоковиќ како актуелен претседател на АТП советот на играчи навести дека тенисерите не се премногу расположени да играат по новите правила на организаторите.
„Тајмс“ веќе објави дека планот е да биде испратен по еден чартер лет на секој континент, играчите да имаат направено тест со негативен резултат и притоа ќе можат да бидат придружувани само од еден тренер.
– Нема да имаме пристап до Менхетн, ќе спиеме во хотелите на аеродромите и ќе треба да се тестираме два-три пати неделно.
– Исто така, ќе ни биде дозволено присуство само на еден тренер, што е навистина невозможно. Покрај тренер, потребен ни е фитнес тренер, физиотерапевт и слично.
– Зборував со одговорните, но не знам дали турнирот ќе се одржи, бидејќи условите кои ги налагаат се премногу екстремни, – изјавил Ѓоковиќ.
-
Англијапред 10 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели
-
Англијапред 20 часа
Фоден за својот омилен играч од Реал: Никогаш немам видено нешто слично
-
Шпанијапред 19 часа
Чави детално објасни зошто ја променил одлуката: Не станува збор ниту за его, ниту за пари!
-
Италијапред 16 часа
Бокшиќ со трансфер предлог до „старата дама“: Јувентус треба да го доведе играчот кој е бакнат од Бог
-
Францијапред 21 час
Фудбалски деликатес: Неверојатниот дриблинг на Мбапе ги зачуди фановите (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Клоп им се извини на навивачите на Ливерпул и издвои двајца играчи на Арсенал кои направиле разлика во шампионската трка
-
Англијапред 22 часа
Руни го предвиде поразот на Ливерпул, па жестоко го подбра Ван Дајк за изјавата која ја даде по дербито (Видео)