Поврзете се со нас

Европски првенства

Георгиевски: Ја знаевме секоја акција на Црногорците, но…..

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Гоце Георгиевски е еден од играчите кои се дел од новата ракометна генерација како староседлец во македонската репрезентација, а слично како Миркуловски, неговата изјава привлече посебно внимание по болниот пораз кој го претрпевме од Црна Гора.

Наспроти очекувањата и доделената фаворитска улога, на теренот видовме нешто сосема спротивно, па мора да се признае дека Црна Гора сосема заслужено ги освои двата бода и ја запиша само втората победа на Европските првенства токму во дуелот со македонската репрезентација.

Вториот пораз на турнирот во Дебрецин значи дека македонските ракометари можат полека да почнат да се пакуваат и да размислуваат за враќањето дома, бидејќи последниот меч со Данска ќе биде од ревијален карактер, особено кога фаворитот оствари огромна победа над Словенија и го завери пласманот во наредната рунда.

– Отворивме многу лошо, ни направија 4-0 и после беше навистина тешко да се вратиме. Се потрошивме, а иако се вративме, направивме многу грешки во продолжение. Сметам дека одбранат беше нефункционална денеска. Примивме дури 17 голови во првиот дел и тоа кога голманите имаа добар ден.

– Главниот проблем беше одбраната, во второто полувреме нивниот голман се разбрани, а и ние направивме непотребни грешки. На крајот неискуството пресуди и мора да се признае дека тие беа подобри. Лошо е што ја знаевме секоја нивна акција, знаевме што ќе прават и ништо не не изненади. Сепак, не знам што се случи, лоши бевме во одбрана, навистина лоши, на моменти дури и мрзливи, – изјави искусното крило Георгиевси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни