Поврзете се со нас

Македонија

Газиантеп го купи фудбалскиот „бисер“ на Работнички кој беше пред промоција во Монца (Фото)

Објавено

на

Лука Станковски минатата година договори трансфер во Монца на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, но бидејќи операцијата пропадна кога требаше да се реализира, стана јасно дека младинскиот репрезентативец ќе остане во Скопје.

Помалиот од браќата Станковски остана во Работнички и во првиот дел од актуелната натпреварувачка сезона, но денеска и дефинитивно го направи првиот интернационален трансфер, бидејќи потпиша долгорочен договор со Газиантеп.

Турскиот прволигаш со огромно задоволство го потврди ангажманот на младиот 19-годишен фудбалер кој се обврзал на верност на четири и пол години, со опција истиот да биде продолжен на плус една.

– Лука Станковски е фудбалер кој внимателно го следевме како клуб. Тој е прикажан како еден од фудбалерите со најголем потенцијал во иднина, игра кој е добро познат и во својата земја и во Европа. Среќни сме што додаваме толку важен млад талент во нашиот клуб.

– За овој трансфер помогнаа нашите пријатели менаџери Фикрет Килечи, Ерхан Озмен и нашиот извршен директор Ерхан Јуксек, луѓе кои отидоа во Македонија и успеаја да го убедат и семејството и клубот Работнички. Мислам дека потпишавме многу важен трансфер, посакувам овој трансфер да биде корисен за сите нас. Му посакуваме добредојде на Лука и му посакуваме успех, – изјавил претседателот на Газиантеп, Џевдет Акинал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни