НБА
Газдата на Феникс се огласи за инцидентот со Јокиќ и испрати порака до дисциплинците (Фото)
Никола Јокиќ постави апсолутен рекорд за Денвер Нагетс со своите 53 постигнати поени на еден плејоф натпревар, но тоа беше премала утеха за Србинот кој доста тешко се помири со поразот.
Феникс Санс израмни на 2:2 во оваа возбудлива серија и сега истата повторно се враќа во Денвер, но засега непознато е дали на петтиот меч ќе го гледаме најдобриот играч на Нагетси.
Јокиќ имаше една незгода со газдата на Феникс и го оттурна Мет Ишби во една мешаница надвор од рамките на теренот, па сега дисциплинците ќе треба да донесат одлука дали Србинот ќе заработи суспензија и ќе го пропушти следниот меч.
Ова би бил голем удар за Денвер и за нивните надежи да остварат победа во оваа серија, но ако ништо друго, добро е да се види дека газдата на „сонцата“ испадна голем џентлмен.
Ишби се огласи на социјалните мрежи и побара од дисциплинците да не го казнуваат Јокиќ, бидејќи како што вели самиот, го става инцидентот настрана и продолжува да го цени Никола како и претходно.
– Голема победа на Санси во неверојатната серија! Тоа треба да биде единствената приказна. Суспендирањето на било кој поради синоќешниот инцидент не би било исправно. Многу го почитувам Јокиќ и не сакам да видам такво нешто. Возбуден сум за петтиот меч, напред Санси, – порача Мет Ишби.
Great win for the Suns last night in an amazing series so far!
That should be and is the only story. Suspending or fining anyone over last nights incident would not be right. I have alot of respect for Jokic and don’t want to see anything like that. Excited for game 5! Go Suns!— Mat Ishbia (@Mishbia15) May 8, 2023
-
Лига на шампионипред 19 часа
Анчелоти му одговори на Силва, па се фокусираше на утрешниот ривал: Имам фантастични спомени од една легенда на Баерн
-
Шпанијапред 17 часа
Арда се срами да изговори по име двајца соиграчи од Реал: Така би покажал непочитување
-
Лига на шампионипред 15 часа
Тухел типува кој играч на Баерн ќе постигне гол против Реал: Не знам зошто, но сигурен сум во тоа
-
Англијапред 21 час
Премиер лигата пред воведување на правило кое ќе ги ограничи трошоците, само три големи клуба гласале против
-
Боречки спортовипред 16 часа
Нгану уништен поради тешка семејна трагедија, МекГрегор прв му испрати порака (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Ричардс за најголемиот тест за Сити: Ако го добијат тој меч, тогаш сигурно ќе станат шампиони
-
АТПпред 18 часа
Качин си побара сувенир од Надал веднаш по поразот во Мадрид, Рафа покажа голема класа (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
Роналдо го продаде Крузеиро, па најави дека набрзо ќе се откаже и од шпанскиот проект