Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гатузо: Можам да го неутрализирам Меси само…

Објавено

на

Наполи на победнички начин со славје над Лацио од 3-1 ја заврши сезоната во Серија А, но време за славје и одмор нема затоа што за калчолигашот следи битка со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Реваншот се игра на 8 август на „Камп Ноу“, а интересна најава за истиот даде тренерот на наполитанците, Џенаро Гатузо за тоа како може да го запре, неутрализира најдобриот играч на шпанскиот прволигаш, Лионел Меси.

-Можам да го маркирам Меси само во моите соништа. Или пак ако наместам Наполи-Барселона на Плејстејшнот на мојот син, да се обидам да го фатам кога играв во Милан со 10-15 килограми помалку од денеска, -истакна Гатузо.

-Мислам дека тие се многу различни екипи [Лацио и Барселона] со два различни стила. Лацио меша технички и физички вештини. Во Барселона е се квалитет. Мислам дека ќе биде различен натпревар. Не мора да размислуваме дали ќе дадеме гол или не. Ние мора да играме како тим, уверени во тоа дека можеме да ги имаме нашите шанси. Нашиот ум мора да биде слободен со цел да ги изразиме нашите квалитети, -дополни популарниот Рино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни