Поврзете се со нас

Светски првенства

Гана победи со контроверзен пенал, Јужна Африка ќе се жали до ФИФА (Видео)

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка остана без место во плејофот од квалификациите за СП во Катар, а федерацијата најави официјален протест до ФИФА и Африканската конфедерација поради судењето на дербито со Гана.

Гана победи на решавачкиот дуел со 1:0 со гол од пенал на Ају, но Јужноафриканците сметаат дека биле сериозно оштетени од судијата од Сенегал.

Селекцијата во чиј стручен штаб е и македонскиот стручњак Чеде Јаневски како асистент на Белгиецот Уго Брос, има ист број бодови со Гана, но најголемиот ривал го обезбеди првото место.

Пеналот е навистина спорен и веќе стана причина за жестока дебата на социјалните мрежи, но нејасно е дали тоа може да донесе некаква промена во однос на постигнатиот резултат и патникот во следната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни