Поврзете се со нас

Франција

Галтие виси, но ПСЖ донел одлука за статусот на Луис Кампос

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ ќе направи сериозни промени во тимот по крајот на сезоната, а процесот ќе биде воден од Луис Кампос.

Статусот на тренерот Кристоф Галтие е неизвесен и тој може да заработи отказ поради неуспешниот настап во Лигата на шампионите, но затоа Кампос е сигурен на својата позиција.

Португалецот беше во клубот во периодот кога ПСЖ успеа да го задржи Килијан Мбапе во своите редови, па се уште ужива доверба кај раководството и катарските сопственици, што ќе му донесе уште еден летен преоден рок со соодветен буџет.

Кампос ќе треба да носи одлуки и во однос на продолжување на соработката со Лионел Меси и уште неколку искусни фудбалери.

Од друга страна, најавено е пристигнување на Милан Шкринијар, а можеби и на Виктор Осимен кој стана прв фаворит на ПСЖ за напаѓачката позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни