Поврзете се со нас

Италија

Габриеле Гравина потврди: Вакцинирани 26 потенцијални репрезентативци на Италија

Објавено

на

Во Италија започна процесот на вакцинација на фудбалерите кои би можеле да земат учество на претстојното Европско првенство што ќе се одржи ова лето.

Од страна на Фудбалскиот сојуз на Италија, од селекторот Роберто Манчини било побарано да состави листа од 35 потенцијални репрезентативци на кои би сметал за континенталниот собир се со цел тие да бидат вакцинирани на време и со две примени дози да го дочекаат стартот на турнирот.

Претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина потврди дека во текот на денешниот ден биле вакцинирани 26 фудбалери кои би можеле да го облечат дресот на италијанскатарепрезентација на Европското првенство.

– Денеска беа вакцинирани 12 играчи во Рим и 14 во Милан, а вакцинацијата се одвиваше според инструкциите на селекторот, Роберто Манчини. Потоа, овој број ќе биденамален во зависност од тоа кој ќе биде избран за Европското првенство, -изјави Гравина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни