Поврзете се со нас

Свет

Габаски херој, Салах ќе удри на Мане во финалето на Купот на африканските нации

Објавено

на

Репрезентацијата на Египет ќе биде противник на Сенегал во големото финале на Купот на африканските нации.

Популарните „фараони“ оваа вечер успеаа да дојдат до билетот за финалето на овој турнир и тоа откако на пенали славеа над Камерун. Домашниот тим беше подобар на натпреварот, покажа повеќе, двапати ја погоди пречката од голот на Габаски, но тоа сега ништо нема да му значи затоа што катастрофално шутираше во пенал серијата.

Имено по 90 и потоа по продолежнеијата немаше голови, па ударите од 11 метри беа тие што решеваа, серија во која херој беше голманот на Египет Габаски кој одбрани два пенали за конечни на крајот 3-1 за избраниците на Кеироз кој беше исклучен на оваа средба.

Ова значи дека во недела ќе имаме пресметка на другарите од Ливерпул, Салах ќе удри на Мане што воедно ќе биде и најава за мундијалскиот бараж во март.

Само еден од нив ќе игра на СП: Салах и Мане ќе се судрат во мундијалскиот бараж

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни