Италија
Фурлани по последниот потрес во Милан: Нашата амбиција не е променета…

Калчолигашот Милан се реши да се ослободи од двајца важни играчи, луѓе кои имаа голем удел за успесите во изминативе сезони-тоа се Паоло Малдини и Рики Масара.
Овој потрес дојде веднаш по завршувањето на сезоната и истиот никој не го очекуваше, промени кој донесоа немир како кај играчите така и кај навивачите.
Токму поради ова се огласија од управата и тоа преку извршниот директор, Џорџо Фурлани кој прво говореше за Масара и Малдини.
-Прво и најважно сакам да им се заблагодарам на Паоло и Рики и да изразам благодарност до сите соработници на Милан за нивниот релевантен придонес за клубот во овие години. Паоло беше меѓу најголемите играчи на сите времиња и како директор, заедно со Рики, одигра важна улога во обезбедувањето на нашето 19-то Скудето. Тажни сме што гледаме како заминуваат, -рече Фурлани кој сакаше да ја увери јавноста дека амбиците на клубот остануваат високи и во иднина.
-Наш приоритет сега е да го консолидираме и зајакнеме напредокот постигнат во последните години, во сите области на клубот. Нашата амбиција не е променета, дури е поголема: да бидеме конкурентни во врвот на европскиот фудбал.
-На добар пат сме, но има уште многу работа. Се надевам дека нашите прекрасни навивачи ќе можат да ја задржат својата недопрена и постојана поддршка за клубот, јас лично се надевам дека наскоро ќе стапам во интеракција со нашите навивачи, за да можат да ја разберат нашата стратегија, да продолжиме да гледаме како Милан расте заедно, -порача Џорџо за „Газета Дело Спорт“.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава