Поврзете се со нас

Англија

Фудбалски маестро: Сите асистенции на Де Брујне во последната сезона (Видео)

Објавено

на

Одличната сезона на Кевин де Брујне не беше доволна Манчестер Сити да биде ни блиску до Ливерпул, а камоли да се бори за одбрана на титулата во Премиер лигата.

Сепак, Белгиецот повторно воодушевуваше со своите настапи, а забележа и 20 асистенции во текот на сезоната, со што го израмни рекордот на Тјери Анри.

Веројатно најзначајниот играч во составот на Пеп Гвардиола во сите статистички показатели е број еден во средниот ред, иако на крајот на сезоната не го добие МВП признанието од навивачите и новинарите.

Де Брујн беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата само од стручните коментатори на „Би-Би-Си“, но видеото со неговите асистенции доволно говори колку беше важен за Сити во текот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни