Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерите до 19 години им се реваншираа на врсниците од БиХ

Објавено

на

Foto:ffm.mk

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија го поправи впечатокот и се рехабилитираше од првиот пораз од Босна и Херцеговина, такашто денеска им се реваншираше на врсниците до 19 години со победа на „Петар Милошевски“.

Македонските фудбалери успеаја да победат со 2:0 и тоа интересно е идентичен резултат како оној од пред два дена, со тоа што тогаш истиот беше во корист на гостите.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа многу подобар меч од првата контролка и успеаја да режираат „слатка одмазда“, а двата погодоци беа постигнати во вториот дел.

Каба Јакупи го отвори резултатот со гол постигнат во 52-та минута, а во самата завршница од мечот, надежите за Босанците ги згасна Фикрет Љиварека.

Во стартниот тим на Македонија беа Петар Јакимов, Максим Славков, Теодор Николовски, Никола Манојлов, Андреј Аризанкоски, Никола Величковскои, Амир Нухија, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Донарт Беџети, Лорик Каба Јакупи, додека од клупата шанса добија Никола Талески, Фикрет Љиварека, Андреј Велков, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Дино Михолов, Хадис Таири и Давор Серафимов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни