Европски првенства
Фудбалер на Барселона го доби најчудниот црвен картон: Си доби удар во глава, па поцрвене (Видео)

Младиот фудбалер на Барселона, Оскар Мингеза игра одлична сезона во каталонскиот гигант за кого веќе собра 30 настапи оваа сезона.
21 годишниот фудбалер е редовен и во репрезентацијата на Шпанија до 21 година која игра на Европското првенстов за млади фудбалери.
На вчерашниот натпревар против Италија се случи една навистина бизарна сцена по која Мингеза заработи црвен картон.
Најпрво врз шпанскиот репрезентативец стартуваше соиграчот на Горан Пандев од Џенова, Џанлука Скамака кој заработи втор жолт картон и беше исклучен. Незадоволен од ваквиот исход, друг играч на Италија, Николо Ровела се нафрли врз Мингеза и го удри со главата, по што главниот судија на мечот се реши на доста чуден потег.
Имено, Николо Ровела беше исклучен исто така заработувајќи втор жолт картон, додека Оскар Мингеза ,народски кажано, ни крив ни должен заработи директен црвен картон. Видеото од целата ситуација брзо стана вирално на социјалните мрежи и е уште еден показател дека ВАР технологијата мора да се користи и на интернационалните натпревари.
🔴🔴🔴 pic.twitter.com/kI2f1lGuh0
— TheFootballAddick (@FootballAddick) March 28, 2021

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата
- Англијапред 19 часа
Англиски новинар го сумираше фудбалскиот хаос со шега на сметка на Манчестер Јунајтед