Поврзете се со нас

Англија

Француски репрезентативец си ја отвори душата: Поради Арсенал не се преселив во Тотенхем

Објавено

на

Францускиот репрезентативен напаѓач, Оливие Жиру се отвори за текот на својата кариера и потврди дека поради Арсенал не завршил во нивниот најголем ривал, Тотенхем.

Жиру цела деценија играше во Англија во дресовите на Арсенал и Челси, а од оваа година е нов напаѓач на Милан, клуб во кој одлично се снајде.

Напаѓачот сега откри дека можел и да остане во Премиер лигата затоа што Жозе Мурињо сакал да го донесе во Тотенхем, меѓутоа ја одбил понудата поради почит кон Арсенал.

– Жозе Мурињо сакаше да ме донесе во Тотенхем, а заинтересирани тогаш беа и Интер и Лацио. Бев очаен затоа што во Челси добивав премалку простор.

– Тотенхем беше  опција, но искрено, како вистински „топчија“, Арсенал ми е во срцето, а како што ние знаеме да кажеме: „Еднаш топчија- засекогаш топчија“. За мене би било многу чудно да играм за Тотенхем, затоа не дојде до трансфер, -изјави Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни