Поврзете се со нас

Европски првенства

Франција немаше решение за „црвената фурија“, Шпанија повторно е број еден во Европа

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија е нов европски шампион, наследник на престолот на Словенија која до вечерва го имаше статусот на најдобар тим на стариот континент.

„Црвената фурија“ ја надигра Франција со 88-76 во големото финале во Берлин и по четврти пат е број еден во Европа. Избраниците на Скариоло беше фантастични особено во најголемиот дел од првото полувреме во кое во еден момент имаа плус 21 (47-26), поточно имаа предност која постојано ја бркаше, се трошеше, ама Шпанеците знаеја како да одиграа, да се одбранат и да бидат да дистанца.

Хуанчо Ернангомез со 27 поени беше најдобар поединец во финалето, Браун имаше дабл-дабл од 14 поени и 11 асистенции, додека Вили Ернангомез и Фернандез уфрлија по 14 и 13 кошеви.

Кај поразените Фурние беше прво име со 23 поени.

Да потсетиме третото место на 41. Европско првенство го освои селекцијата на Германија која беше подобра од Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни