Поврзете се со нас

Олимписки игри

Франција го скрши отпорот на Египет и ќе се бори за олимписко злато

Објавено

на

Франција е првиот финалист на ракометниот олимписки турнир во машка конкуренција и по триумфот над Египет (27:23) ќе го очекува својот противник од дуелот Данска-Шпанија.

Египет стана прва африканска селекција која стигнала до олимписко полуфинале, својот квалитет го потврди и против Франција, но не издржа во ист ритам до крајот на средбата во Токио.

По 13:13 на полувреме, двете селекции останаа во егал ситуација до половина на вториот дел, кога фаворитот почна да задржува предност од два или три гола.

Египет не успеа да се врати, Франција искусно ја одржуваше предноста и на крајот заслужено си обезбеди олимписки медал.

Ремили со 9 и Мем со 7 голови беа најефикасни во победничката селекција, додека Египет беше предводен од Омар со 6 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни