Поврзете се со нас

Франција

Фофана призна дека имал две понуди, но одамна направил избор за која репрезентација ќе настапува

Објавено

на

Весли Фофана поседува голем потенцијал и дел од него веќе потврди во првата сезона во Челси, а за него покрај клубовите, битка водеа и две репрезентации.

Првично повикан од францускиот селектор Дидие Дешамп, Фофана добил покана и од селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, за која има право да настапува поради потеклото на својот татко.

Сепак, Фофана ги расчисти дилемите во пресрет на настапот на Франција против Гибралтар.

– Франција е земјата во која пораснав и се едуцирав, тоа е избор на моето срце.

– Точно е дека разговарав со селекторот на Брегот на Слоновата Коска, им посакувам се најдобро, но јас се чувствувам како Французин.

– Отсекогаш сонував да го носам францускиот дрес, тоа сега станува реалност, а следува и Олимпијадата во Париз која би сакал да ја освојам со мојот национален тим, – истакнал Фофана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни