Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фоден донесе победа за Сити во Пиреја, Менхенгладбах одново ја наполни мрежата на Шахтјор (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах остварија победи на првите мечеви од вечерашната програма во Лигата на шампионите.

Англискиот вицешампион славеше во Пиреја над Олимпијакос со 1-0 за четири од четири во групата Ц во елитната конкуренција. Трите бода за „граѓаните“ ги донесе младиот Фоден во 36 минута на асистенција на Стерлинг.

Бундеслигашот Менхенгладбах му одржа уште еднаш лекција на Шахтјор Доњецк со тоа што денеска беше малку помек кон укранскиот шампион во споредба од средбата на 3 ноември кои заврши со резултат 6-0. Германскиот претставник славеше со 4-0 со погодоците на Штиндл, Елведи, Емболо и Вендт во второто полувреме.




Сега Борусија има 8 бода е на првата позиција во групата Б во која од 21 часот ќе се сретнат Интер и Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни