Македонија
ФИФА и УЕФА со поддршка за ФФМ: Ќе продолжиме со успешните проекти, честитки за посветеноста и напорната работа

Фудбалската федерација на Македонија денеска го одржа редовното генерално собрание на кое свои претставници имаа и Светската и Европската куќа на фудбалот, ФИФА и УЕФА.
УЕФА беше застапена преку Денис Бастари кој е претставник на одделот за Национални асоцијации, додека од ФИФА беа испрени Елкан Мамадов и Лоренцо Каваљари. Бастари и Мамадов имаа свое обраќање и со тоа ја пренесоа поддршката која ФФМ ја добива од највисоките фудбалски тела.
-Сакам да ве поздравам во име на нашиот претседател Џани Инфантино и генералната секретарка Фатма Самура. Ова е шанса да ја посочам одличната соработка на ФФМ со ФИФА, рефлектирана во насока на развојот на фудбалот и заедничката работа ќе продолжи да носи бенефит за вашата убава земја. ФФМ успешно спроведува програми што ги нуди ФИФА, а посебно ФИФА Форвард – програмата и драго ми е што средствата се користат ефикасно, а најмногу за клучната компонента – инфраструктурата. ФИФА почна трет циклус со ФИФА Форвард и со нетрпение ја чекаме соработката, а немаме сомнеж дека средствата ќе се искористат ефикасно и паметно, сѐ со цел за развој на фудбалот. Честитки за посветеноста и напорната работа, а ФИФА ќе продолжи да ве поддржува, -порача Мамадов.
Сејдини: Наша визија е Македонија да биде редовен учесник на големите натпреварувања
-Европскиот фудбал се соочи со многу големи предизвици и во изминатата година, но покажавме солидарност и поддршка едни за други. Сплотеноста и солидарноста е клучот за надминување на сите потешкотии. Треба да продолжиме да го развиваме фудбалот, а со зголемениот обем на хет-трик програмата на УЕФА ние ќе продолжиме да го поддржуваме фудбалот и да инвестираме насекаде низ Европа. Фондот за хет-трик го зголемивме за 21 осто и сакам да посочам дека ќе продолжиме со успешните проекти, а многу сме среќни затоа што со ФФМ ќе продолжиме по истите патеки и во иднина. Фудбалот да го одржиме на ова атрактивно ниво. Вие ја имате нашата поддршка на тој пат, -истакна пак Бастари.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)