Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел остана без второто место на Ф1 трката во Унгарија

Објавено

на

Себастијан Фетел остана без второто место освоено денеска на Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија.

Германецот вечерва доби казна од стјуардите поради прекршување на правило поврзано со количината на гориво останато во резервоарот на болидот.

Возачот на Астон Мартин постигна голем успех со местото на подиумот, но техничката комисија утврдила дека во болидот имало само 0,3, а не барем 1 литар гориво кој е потребен за испитување од страна на ФИА.

Оваа одлука ќе го израдува Карлос Саинц од Ферари, кој на овој начин си обезбеди подиум, односно трето место, но исто така и актуелниот шампион Луис Хамилтон кој ја зголеми предноста пред Макс Ферстапен на 8 поени.

Сите возачи од Топ 10 одат место понапред, а тоа е добра вест и за Кими Раиконен од Алфа Ромео, кој освои бод во Унгарија откако сега е на десеттата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни