Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен не ја крие фрустрацијата од Мерцедес: Се случија многу чудни работи….

Објавено

на

Втор викенд по ред, Макс Ферстапен заврши надвор од патеката по инцидент кој го предизвика болид на Мерцедес, но ако на трката на Силверстоун имаше директен контак со Луис Хамилтон, сега беше удрен од Ландо Норис кој немаше друг излез откако доби удар од Валтери Ботас.

Вториот возач на Мерцедес предизвика вистински хаос на стартот на Хунгароринг и го осуди Макс на пропаст, па со оглед на тоа што болидот му беше исклучително оштетен од десната страна, големо чудо е што воопшто ја заврши трката.

Ферстапен го освои десеттото место, но подоцна во ноќта отиде едно погоре откако беше пресудено дека Себастијан Фетел е дисквалификуван и го губи второто освоено место.

Со катастрофалните резултати на два викенди едно по друго, Ферстапен ја загуби предноста во генералниот пласман и сега заостанува шест зад Хамилтон, па во ситуација кога следи пауза во сезоната до крајот на месец август, Холанѓанецот се обиде да извлече резиме од последните две трки со ужасен епилог за него и тимот Ред Бул.

– Повторно бев изваден од трка од Мерцедес и тоа не е она што го посакувате. Сите видовме дека Валтери комплетно ја утна точката за сопирање и предизвика огромен судир. Од тој момент, ништо веќе не беше исто, цела страна од болидот беше уништена и имаше штета на подвозјето. Да бидам искрен, беше невозможно да се вози и чудо е како завршивме.

– Многу сум разочаран, но знам дека повторно ќе бидеме во борбата кога ќе се вратат трките. Се надевам дека ќе бидеме подобри дотогаш, а во меѓувреме мора да се помириме со овие чудни инциденти кои се случија во последно време. Имаше многу чудни инциденти кои не чинеа важни бодови. Мерцедес секако се многу силни, а вака е уште потешко, – се пожали Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни