Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен доминираше во Канада и се изедначи со легендарниот Сена (ФОТО)

Објавено

на

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен продолжи со својата доминација и во трката за Големата награда на Канада која вечерва се возеше на патеката „Жил Вилнев“.

Асот на Ред Бул ја започна денешната трка од првата позиција, позиција која не му беше загрозена од почетокот до крајот, односно тој заслужено дојде до 41. триумф во својата кариерата со што се израмни на вечната листа со легендарниот Аиртон Сена.

Ова воедно за австриската екипа беше 100.јубилејна победа или поточно низ години свој учинок за овој резултат освен Макс имаа Перез, Фетел, Вебер и Рикардо.

Кога е во прашање подиумот место на истиот имаше за две добро познати имиња, поранешните прваци, Алонсо и Хамилтон.

Бодови уште освоија Леклер, Сајнц, Перез, Албон, Окон, Строл и Ботас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни