Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари го објасни чудниот бокс кој го одработи Саинц на десет круга пред крајот

Објавено

на

Карлос Саинц беше возач на денот и сосема оправдано го доби ова признание од Ф1, бидејќи вчера имаше дури 19 престигнувања на трката за Големата награда на Франција.

Шпанецот стартуваше од 19-то место и беше блиску до подиум, но кога стигна до третото место и кога го престигна Перез, доби повик од механичарите на Ферари на десет круга пред крајот.

Овој потег изгледаше несфатлив за голем дел од јавноста која редовно ги следи случувањата во „најбрзиот циркус“, а во прв момент не беше одобрена ниту од Саинц кој нагласи дека „не е сигурен за правичноста на потегот“.

Во подоцнежното интервју, Саинц ги бранеше тимските шефови и порача дека тимот најмногу знае што е најдобро за возачите, но денеска пристигна објаснување и од Биното за контроверзното влегување во бокс на десет круга пред крајот.

– Со тие средно тврди гуми, сигурни сме дека немаше да стигне до крајот на трката, убедени сме дека ја донесовме најдобрата одлука. Не бевме сигурни дека ќе дојде до крај и можевме да останеме со нула. За безбедност на возачот и тимот, најдобро беше да влезе во боксот.

– Покрај тоа, имавме пет секунди казна и со оглед на потрошеноста на гумите, немаше да има доволно предност пред Перез и Расел, немаше толку добар ритам за да отвори простор пред себе. Последниот бокс беше сигурен за нас, сигурен за бодови на тимот и за него, кој исто така го освои и најбрзиот круг, – изјави Биното откако Саинц на крајот заврши петти поради одлуката на Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни