Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Сакам барем уште еднаш да играм на Вимблдон

Објавено

на

Еден од најголемите тениски асови, Рожер Федерер се уште не размислува за пензија, но веќе одредено време е надвор од терените поради повреда која дури го спречи да игра на Вимблдон, еден од неговите најомилени турнири.

Тој за првпат по 1999 година не е активен или поточно не игра на грен слемот во Лондон, но се надева дека ќе ги надмина сите проблеми и барам уште еднаш во кариерата ќе може да биде дел од настанот кој за многумина е неофицијално светско првенство.

-Имав среќа да одиграм многу натпревари на овој терен. Чудно е да се биде овде денес во поинаква улога. Овој терен ми ги донесе најголемите победи и порази. Се надевам дека ќе можам да играм овде уште еднаш, – изјави Федерер кој осум пати го освојуваше Вимблдон.

Токму Швајцарецот беше еден од големите имиња кои денеска беа присутни на одбелжувањето стогодишнината на Централниот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни