Европски првенства
Европските медиуми во шок од изданието на Македонија: Едно е да победат, но да победат вака…
Победата на македонската ракометна репрезентација над Данска ги шокираше и ракометните фанови во скандинавската земја, кои не очекуваа селекцијата предводена од Кире Лазаров вака да го надигра светскиот шампион.
Не само што ги освои бодовите во Скопје, Македонија доминираше во текот на целата средба, па дури и стигна до предност од осум голови.
– Сензационален пораз на светскиот шампион Данска, вели насловот на порталот „тв2“, чиј новинар вели дека Данска загубила неочекувано, но заслужено.
– Северна Македонија испорача сензација. Едно е да победат, но тие го направија тоа без да дозволат Данска да им се закани, – изјавил стручниот коментатор Бент Ниегард.
Специјализираниот портал „Хендбол планет“ овој тимски успех го опишува како „неверојатен старт“ на тренерската кариера на Кирил Лазаров.
– Најдобриот тим на Македонија го совлада актуелниот олимписки и светски првак Данска до 33:29, во првиот натпревар на легендарниот десен бек како играч/тренер.
Коментарот на официјалниот портал на ЕХФ „Еурохандбал“ укажува дека светските шампиони воделе само еднаш во текот на натпреварот, и тоа со 1:0 на почетокот од мечот.
– Данска беше фаворит, но Македонија изненади со извонредна одбрана засилена со брилијантниот Никола Митревски,- се вели во извештајот.
Данците потсетуваат дека нивната репрезентација мора да победи со пет голови разлика за да има подобар меѓусебен скор во дуелите со Македонија.
На табелата во групата 7 Македонија е првопласирана со три победи од три натпревари, додека за Данска ова е единствениот пораз, поради што имаат четири бода. Швајцарија има два бода, а Финска е без поени.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Англија16 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…