Поврзете се со нас

Свет

Емотивниот Демирел низ солзи бара помош: Ве молам помогнете (Видео)

Објавено

на

Некогашниот легендарен турски голман, а сегашен тренер на Хатајаспор, Волкан Демирел со трогателно видео на социјалните мрежи се обрати да побара помош по разорниот земјотрес кој денеска ја погоди Турција.

Демирел како тренер на Хатајаспор вчера се радуваше на победа против Касимпаша, а денеска моли за помош за погодениот регион.

– Ситуацијата тука е многу лоша. Некои пријатели успеаја да се извлечат од рушевините, но и натаму голем број луѓе се заробени под срушените згради.

– Хатај е во тешка положба, немаме доволно болници, амбулантни возила, немаме доволно помош, потребна ни е помош што е можно побргу. Се е многу лошо, нешто мора да се стори, ве мола,- низ солзи апелираше легендарниот Волкан Демирел.

Тројца членови на Хатајаспор се уште се водат зa исчезниати, поранешниот играч на Челси и Њукасл и стрелец на единствениот погодок од вчерашниот натпревар против Касимпаша, Кристијан Атсу, неговиот клупски колега Онур Ергун како и спортскиот директор на клубот, Танер Савут се уште не се пронајдени под урнатините во Хатаја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни