Поврзете се со нас

Шпанија

Екстаза на „Сан Мамес“: Тренерот Марселино и помошниците приредија шпалир по победата над Реал (Видео)

Објавено

на

По три последователни порази оваа сезона, Атлетик Билбао конечно го победи Реал Мадрид, но триумфот остварен на „Сан Мамес“ значеше елиминација за „кралскиот клуб“ во шпанскиот Куп, односно пласман на баскијците во полуфиналето.

Откако во претходната рунда ја надмудрија Барселона, избраниците на тренерот Марселино беа далеку подобри и од Реал Мадрид изминатава вечер, па на крајот добија заслужена награда кога се чинеше дека мечот ќе оди во продолженија.

Наместо тоа, резервистот Беренгер погоди импресивно по големата грешка на Касемиро и донесе водство за Атлетик, кое домаќините знаеја како да го одбранат во судиското надополнување.

Победата над Реал предизвика фудбалски празник на преполниот „Сан Мамес“, а во еуфоричната атмосфера најдобрата слика ја понудија тренерот Марселино и неговите помошници.

Марселино беше очигледно воодушевен од изданието на неговите миленици, па заедно со помошниците им приреди шпалир кога се упатуваа кон соблекувалните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни