Поврзете се со нас

Формула 1

Еклстоун истакна контроверзен став за расизмот, Формула 1 се огради од неговите зборови

Објавено

на

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, го привлече вниманието со својата последна изјава во која ја коментираше последната анти-расистичка кампања која се наметна на глобално ниво.

Во интервју за „Си-Ен-Ен“, Еклстоун потенцирал дека „црните луѓе почесто се однесуваат расистички од белите“, но и дека „сите во Формула 1 се презафатени во обидот да стигнат до победи или да најдат спонзори, па немаат време да се занимаваат со расизам“.

Оваа изјава предизвика толку големо внимание, што и Формула 1 мораше да излезе со соопштение во кое го истакна несогласувањето со ставот на својот поранешен предводник.

– Во моментите кога ни е потребно заедништво за да се бориме со расизмот и нееднаквоста, целосно не се согласуваме со ставовите на Еклстоун за кои нема место во Формула 1 и во нашето општество. Берни Еклстоун нема никаква функција во Формула 1 откако ја напушти организацијата во 2017 година, – велат од Ф1.

Наспроти ставовите на 89-годишниот Еклстоун, Формула 1 формираше фондација и специјална комисија за да ја зголеми инклузивноста во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни