Поврзете се со нас

Европски првенства

Еден од хероите на Италија по тешката победа против Австрија: Се уште не ми се верува, ова нема да го заборавам

Објавено

на

Италија стигна до очекувана, но доста тешка победа против Австрија во вчерашниот осминафинален натпревар од Европското првенство.

„Аѕурите“ дури по продолженија успеаја да го скршат отпорот на австриската селекција и со головите на Федерико Кјеза и Матео Песина славеа победа од 2:1.

Играчот од средниот ред на Аталанта го постигна вториот гол на средбата на „Вембли“ со што и дефинитивно го запечати пласманот на Италија во четвртфиналето од континенталниот собир.  Фудбалерот кој има одлична сезона зад себе истакна дека се уште не може да поверува што му се случува и дека овој момент ќе го памети цел живот.

– Се уште не ми се верува. Дадов гол против Велс, а замислете го овој. Најважното нешто е што се квалификувавме во четвртфиналето, а јас оваа вчер ќе ја запомнам засекогаш. Ние сме одлична и обединета група момци, го покажуваме тоа на сите и може да видите и од надвор. Навистина ми беше задоволство што го постигнав вториот гол на така тежок натпревар, беше неверојатно, -заклучи Песина во интервју за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни