Поврзете се со нас

Италија

Еден клуб го загризал мамецот на Раиола и понудил 10 милиони евра годишно за Донарума

Објавено

на

Медиумите во Италија пренесуваат дека конечно се гледа крајот на трансфер сагата поврзана со голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Младиот голман дефинитивно си оди од „Сан Сиро“, па како слободен агент ќе може да ја промени средината во овој преоден рок.

Досега се пишуваше дека нема ниту еден клуб кој е подготвен да му плати 10 милиони евра годишна плата на Донарума, сума која ја постави контроверзниот агент на голманот, Мино Раиола.

Сепак, „Газета дело Спорт“ јавува дека тимот на ПСЖ во моментов е во интензивни преговори со Раиола и наводно е подготвен да ја плати сумата која се бара за годишна плата на голманот.

Донарума официјално ќе биде играч на Милан до 30 јуни, а потоа ќе ја промени средината и како што стојат работите ќе потпише договор со францускиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни