Поврзете се со нас

Англија

Џенепо го лобуваше голманот на Сити од 30 метри (Видео)

Објавено

на

Саумтептон има голема предност од 2:0 по 45 минути игра во четвртфиналето против Манчестер Сити, што прави „светците“ да бидат на чекор од полуфиналето во ЕФЛ Купот.

Англискиот шампион влезе доста резервирано на гостувањето на „Ст. Мери“, за што беше жестоко казнет во првото полувреме, без оглед на тоа што поставата на Пеп Гвардиола е доста силна.

Секу Мара погоди за 1:0 во 23-та минута, но најубавиот момент го видовме пет минути подоцна, кога Џенепо мајсторски реагираше и погоди на извонреден начин.

Фудбалерот на Саумтептон забележа дека голманот Ортега не е на својата природна позиција и успеа да го лобува од 30 метри, гол со кој ги флри во делирум сите на трибините.

Резервниот голман на Сити беше лошо поставен и беше далеку од топката, која мора да се нагласи доби навистина точен лет и заврши под гредата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни