Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Џеко се огласи и испрати порака по пласманот на Сити во големото финале (ФОТО)

Објавено

на

Манчестер Сити го надигра Реал Мадрид (4-0) и заслужено избори место во финалето на Лигата на шампионите.

Премиерлигашот доминираше на вечерашната пресметка против најтрофејниот клуб во ова натпреварување, постигна четири гола, а можеше да даде уште некој ако на голот на „кралевите“ не беше Тибо Куртоа кој имаше неколку одлични интервенции.

Ова за „граѓаните“ ќе биде второ финале во ЛШ и нова можност да дојде до прва историска титула. Од истата ги дели победа над калчолигашот Интер каде настапува еден нивен поранешен член Един Џеко.

Токму ветеранот ги искористи социјалните мрежи и испрати една кратка порака по последниот свиреж на „Итихад“.

-Сити, се гледаме во Истанбул, -напиша Един кој од 2011 до 2015 го носеше дресот на составот од синиот дел на Манчестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни