Поврзете се со нас

Свет

Џеј Џеј Бареа ја прифатил понудата на шпански прволигаш

Објавено

на

Шпанскиот клуб Естудијантес ќе ги засили своите редови со искусен НБА кошаркар, кој во својата кариера освои и еден шампионски прстен.

Се работи за 36-годишниот Порториканец, Џеј Џеј Бареа, кој прифатил да настапува во Естудијантес, што ќе биде прв негов излет надвор од НБА лигата.

Бареа зад себе има 11 години во дресот на Далас Маверикс, а со оваа екипа ја освои и НБА титулата во 2011 година.

Во декември тој беше отпуштен од клубот од Тексас, a сега ја прифатил понудата на мадридскиот состав, со што ќе настапува во земјата од која потекнува неговиот татко.

Бареа одигра вкупно 14 сезони во НБА, а првите три ги помина во дресот на Минесота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни