Поврзете се со нас

Одбојка

Две промени во однос нa претходното ЕП, Николиќ ги одреди патниците за Тампере

Објавено

на

Предводникиот на машката одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ ги одбра играчите на кои ќе смета на престојното Европско првенство.

Ние сме дел од  групата Ц во Тампере каде освен со домаќинот Финска ќе ги одмериме силите со Холандија, Турција, Шпанија и Русија. Селекторот Николиќ се одлучи за проверена комбинација, па така во однос на нашиот претходнес настап на континенталниот собир во Љубљана има само две промени, ги нема Милков и Андонов, односо тука се Лука Костиќ и Филип Савовски,

Популарните „спартанци“ до сабота ќе работат во Скопје по што летаат за Тампере каде ќе одиграат пет натпревари.

Ова се играчите кои ќе не претставуваат на 32. одбојкарско ЕП:

-Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски, Славе Наков, Дарко Ангеловски и Филип Николовски.

Со националниот тим во изминатиов период работеа и тренираа Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев, ама ќе мор да почекаат друга прилика за настап на ваков голем настан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни