Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дурент постави нов олимписки рекорд, па го посочи играчот кој ќе го надмине

Објавено

на

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја запиша втора победа во групната фаза на олимпискиот турнир во Токио и тоа против Чешка која ја декласираше со 119-84.

Ова беше дуел во кој Американците се „распукаа“ во вториот полувреме во кое дадоа дури 72 поени, ритам кој нивниот противник не можеше да го испрати. Најдобри актери на теренот беа Кевин Дурент и Џејсон Тејтум кои заедно искомбинираа 50 поени.

Кеј-Ди со ова свое издание дојде до олимписки рекорд или поточно стана играч со најмногу дадени кошеви за САД на споменатата сцена. Меѓутоа членот на Бруклин верува дека тој негов рекорд ќе падне во иднина и воедно го издвои изграчот кој ќе ги тргне од врвот на листата-тоа е Тејтум.

-Ова момче од левата страна ќе биде следниот човек кој ќе го собори рекордот, -порача Дурент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни