Поврзете се со нас

Шпанија

Другата страна на Карло: Анчелоти го истрола Модриќ на теренот по добиеното МВП признание (Видео)

Објавено

на

Карло Анчелоти обично е максимално сериозен и не се препушта премногу на емоциите и во моменти на големи победи, но вчера се презентираше во едно интересно издание.

Дон Карло беше расположен за шеги за време на прес-конференцијата, но во такво расположение бил и за време на церемонијата која се одржа на теренот во Ријад.

Официјалната телевизија на Реал Мадрид ни откри еден симпатичен момент од теренот непосредно по победата на Реал во Суперкуп финалето од 2:0, натпревар на кој Модриќ беше избран за играч на мечот.

Хрватот сосема заслужено го доби МВП признанието, но Анчелоти го истролал својот фудбалер на теренот и се пошегувал со него пред да му честита за извонредната партија.

– Погреши важен пас таму, ја промаши топката кадешто не треба да го правиш тоа, – со насмевка му порача Карло, а Модриќ му возврати дека промашил само три паса во текот на финалето против Алтетик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни