Поврзете се со нас

Италија

Драматични сцени во познат калчолигаш: Тифозите влегле во соблекувалната и им се заканиле на играчите (Фото)

Објавено

на

Раководниот врв на Болоња одлучи да му врачи отказ на Синиша Михајловиќ и на неговот место го донесе Тиаго Мота, но откако новиот тренер дебитираше со два порази од Емполи и Јувентус, експресно дошло до тензија во тренинг центарот.

Како што пренесува угледниот „Кориере дело Спорт“, Мота и првотимците на Болоња имале непријатно попладне во текот на вчерашниот дел, односно добиле посета од 15-тина бесни тифози која е протолкувана како директна закана.

Најверните ултраси на Болоња пристигнале во тренинг центарот со цел да ги опоменат играчите и стручниот штаб во пресрет на новите возбудувања во Серија А, односно им нагласиле дека последен пат мирно ги посетуваат, пред да преземат порадикални чекори.

Навивачите очигледно не се задоволни од тоа што играчите го извисија Миха и направија да биде донесен нов тренер во Болоња, што можно е да резултира и со непосакувани инциденти доколку не дојде до промена на резултатите.

Како што открива весникот, состанокот меѓу навивачите, играчите и стручниот штаб се случил во соблекувалната во тренинг комплексот и истиот траел околу 30 минути. Играчите добиле последно предупредување за промена на односот и настапите, додека на тренерот Тиаго Мота му било нагласено дека ова не е Специја и дека резултатите мора да бидат подобри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни