Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ за играчот кој треба да одбележи една ера во НБА лигата: Не паметам некој дебитант така да одиграл (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ имаше одличен натпревар и со трипл-дабл го предводеше Далас Маверикс во победа над Сан Антонио Спарс (119:126) во соседското дерби во НБА лигата.

Словенецот со оваа партија од 33 поени, 13 скока и 10 асистенции покажа дека е во посакуваниот ритам на стартот на сезоната, но тој од друга страна имаше што да каже и за Виктор Вембањама кој дебитираше во најсилниот кошаркарски шампионат.

Фрацузинот е ас од кого многу се очекува, поточно се најувува дека може да одбележи една ера во НБА и воопшто во кошаркарата. Виктор имаше проблеми со личните грешки, но на крајот заврши со 15 поени, 5 скока и 2 асистенции.

-Беше фантастичен, му реков, одигра многу добро на својот прв натпревар. Не се сеќавам дека некој дебитант така го одиграл првиот натпревар.

-Се сеќавам на мојот прв натпревар, бев нервозен. Тој не ми изгледаше нервозен, играше одлично, -порача Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни