Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Хардавеј најдоа решение за „супер-тимот“ на Бруклин, „езерџиите“ добија тежок удар во дербито (Видео)

Објавено

на

Далас силно чекори кон директен влезе во плеј-офот во НБА лигата со серијата позитивни резултати, која ова утро ја зголеми откако славеше во големото дерби против „супер-тимот“ на Бруклин.

Со ангажманите и последните аквизиции кои ги режираше, Бруклин се издвои како главен фаворит за освојување на титулата во НБА лигата, но Далас сега покажа дека може да се носи со Нетси и оствари многу важна победа во обидот да обезбеди директен пласман во разигрувањето.

Лука Дончиќ одново блескаше и беше на чекор од трипл-дабл учинок, бидејќи во 38-та сезонска победа на Далас придодаде 24 поени, 10 скока и 8 асистенции, следен од Хардавеј кој повторно беше одличен со 23 поени. Во противничкиот табор, Кајри Ирвинг беше најдобар и уфрли дури 45 поени, додека Дурант беше лимитиран и остана на 20.

Во второто дерби на вечерта, голема пресметка имаше во Лос Анџелес, каде Клиперси му зададоа нов тежок удар на шампионот кој е се поблиску до фазата „плеј-ин“ и подалеку од директен пласман во плеј-офот. „Езерџиите“ претрпеа тежок пораз од градскиот ривал (118:94), а покрај тоа што не играше Леброн, натпреварот не го доигра ниту Ентони Дејвис кој заработи повреда.

Без нив двајца на паркетот, Клиперси имаа далеку полесна задача, а лидери во триумфот беа Пол Џорџ со 24 поени и Каваи Ленард со 15 поени, 8 скокови и 6 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни