Поврзете се со нас

Европски првенства

Дончиќ директен: Одиме по златото во Германија

Објавено

на

Словенија се подготвува за пријателскиот меч против Србија во Љубљана, а во пресрет на истиот во фокусот беше Лука Дончиќ кој беше директен и посочи која ќе биде главна цел на националниот тим на престојното Европско првенство.

Словенците според многу експерти, па и според ФИБА важат за први фаворити за златото или во случајот тоа би значело одбрана на титулата. Дончиќ како лидер на оваа генерација го прифаќа предизвикот и отворено порача дека тие како група целат кон пехарот на шампионатот кој ќе се одигра од 1 до 18 септември.

-Кој зборува за притисок? Одиме во Германија да го освоиме златото. Во секое натпреварување каде што се натпреваруваме, целта секогаш мора да биде првото место. Ќе направиме се за тоа, но ќе видиме дали ќе успееме. Во 2017 година никој не не сфати сериозно кога го најавивме нападот на златниот медал, денес е поинаку. Убаво е кога гледате дека сите ќе вложат дополнителни напори за да не победат, -истакна Лука како кого хемијата во тимот е најважна.

-Атмосферата во тимот е исклучителна. Сите сакаме да се дружиме заедно, никој не се држи за себе. Затоа секогаш со нетрпение очекувам да се приклучам на националниот тим. Сега имам и своевидна улога на мотиватор и уживам во тоа. Особено кога соиграчите треба да прават склекови според некои правила, -порача ѕвездата на Далас Маверикс.

Словенија е во групата Б заедно со Франција, Литванија, Германија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни