Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Донарума бил изненаден од информацијата: Не знаев дека завршивме како втори во групата…

Објавено

на

Пари Сен Жермен го победи Јувентус во Торино (2-1), но тој триумф не се покажа како доволен за потврда на првото место во групата затоа што Бенфика го уништи составот на Макаби Хаифа (6-1) на негов терен во Израел и поради поголем број на дадени голови на гостински терен заврши на позицијата број еден која треба да донесе полесен противник во првата нокаут рунда.

Ова секако беше шокантна информација за „светците“ и најдобро за тоа говори голманот Џанлуиџи Донарума кој бил изненаден кога ја добил веста.

-Искрено, за второто место во групата дознав по завршувањето на мечот. За жал беше така, но важно беше да се победи. Со кого и да се соочиме сигурен сум дека тоа ќе биде одлична битка, -истакна Италијанецот.

Сето ова значи дека „светците“ за следен ривал ќе го имаат еден од овие клубови: Наполи, Порто, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Тотенхем, Челси и Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни