Поврзете се со нас

Англија

Додека трае Eурофоријата, еден фудбалер на Ливерпул го продолжи договорот со клубот

Објавено

на

Очите на европската фудбалска јавност се вперени кон Европското првенство кое во моментов се одржува во неколку градови ширум Стариот континент. Токму поради овој континентален собир, помалку се зборува за активностите на клубовите кои пред две недели ставија крај на сезоната.

Од Ливерпул пристигна информација дека резервниот голман на клубот, Адријан го продолжил договорот с тимот и ќе остане на „Енфилд“ уште најмалку една сезона.

– Пресреќен сум што ќе останам во клубот. Прво, затоа што ова е награда од клубот за мојата напорна работа која ја работам последниве две години. Второ, гордост е да бидеш член на Ливерпул, ова е толку голем клуб. Навистина сум привилегиран, -порача Адријан.

34 годишниот голман по неговото пристигнување во клубот собра вкупно 24 натпревари, на некои од нив се прослави, но на поголем дел беше посочен како трагичар поради огромните грешки кои ги правеше меѓу стативите на голот на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни