Поврзете се со нас

Франција

Дисциплинците во Франција суспендираа четири ѕвезди на ПСЖ

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Работата на Луис Енрике сериозно е доведена во прашање во изминатите 48 часа и Шпанецот се соочува со првиот сериозен притисок во Франција, откако неговиот тим се посрамоти и доживеа тежок пораз на гостувањето кај Њукасл.

Поразот од 4:1 го вклучи алармот во француската престолина, сето тоа како продолжение на бавниот и незадоволувачки старт на сезоната во Лига 1, каде ПСЖ игра променливо и во моментов е на петтото место на табелата.

„Светците“ претстојниот викенд ќе имаат тешко гостување кај незгодниот Рен и потоа ќе следи пауза поради репрезентативни обврски, по што тимот ќе се врати со настапи во Лига 1 на 21-ви октомври.

На натпреварот против Стразбур, Лучо нема да може да смета на свои четворица првотимци, кои вчера добија суспензии од дисциплинците во Лига 1 поради хомофобни песни и навредливи зборови кон Марсеј.

Дембеле, Коло Муани, Хакими и Курзава беа уловени во експлицитно издание заедно со своите навивачи по дерби победата над Марсеј, па сега поради своите постапки, ќе мора да одлежат суспензија која Лига 1 откри дека се активира од 10-ти октомври.

Покрај неиграњето на четворицата, на мечот со Стразбур ќе биде затворен дел од трибината на која се најжестоките навивачи на ПСЖ, а клубот објави дека нема да се жали на оваа одлука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни