Поврзете се со нас

Англија

Дион Даблин „удри“по еден играч на Манчестер Јунајтед: Ужасно е да се гледа

Објавено

на

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и уште неколку англиски премиерлигаши, Дион Даблин упати жестоки критики на адреса на еден од сегашните играчи на „ѓаволите“.

Станува збор за Антони Марсијал кој никако да го покаже сиот свој капацитет, а така беше и денеска против Вест Хем во натпревар од англискиот Лига куп кој Манчестер Јунајтед го загуби со 1:0.

Марсијал беше далеку под нивото и на крајот ја доби најниската оцена од целиот тим, а Даблин само ги потврди таквите бодувања.

– Треба да видеме повеќе од Антони Марсијал, тоа сме го кажале повеќе пати. Сакам да го видам како се поти и како ја става топката во мрежата. Откако е член на Манчестер Јунајтед нема направено доволно за клубот.

– Гледам одредени блесоци кај него и кога ќе помислам дека тоа е почеток на нешто убаво тој потоа не прави ништо. Неговото движење е ужасно за гледање, не сака да трча наоколу и да работи напорно за да биде „деветка“ на Манчестер Јунајтед, -изјави Дион Даблин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни