Поврзете се со нас

Италија

Дино Ѕоф по зимските трансфери на Јувентус: Сега мора да завршат на…

Објавено

на

Легендата на италијанскиот фудбал, Дино Ѕоф даде свое видување на актуелната ситуација во Серија А.

Неговиот поранешен клуб, Јувентус, беше активен на трансфер пазарот и ангажираше две супер засилувања во имињата на Душан Влаховиќ и Денис Закарија, па Ѕоф смета дека Јувентус сега мора да заврши во првите четири на табелата во Серија А и да обезбеди настап во Лигата на шампионите следната година.

– Мислев дека Влаховиќ ќе си оди по крајот на сезоната, сега би рекол дека доколку го повтори тоа што го правеше досега ќе биде одлично засилување за Јувентус. Сега Јувентус мора да заврши меѓу најдобрите четири, -јасен беше Ѕоф.

Масимилијано Алегри утре против Верона ќе има можност на дело да ги види квалитетите на новите засилувања.

Италијанските новинари најавуваат дека Влаховиќ веднаш ќе биде вметнат во првиот тим каде партнери во нападот ќе му бидат Пауло Дибала и Алваро Мората со што би се направил еден пеколен „троец“ кој би требало да креира многу проблеми за противничките одбрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни