Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски расположен за голови, важна победа за Синфин

Објавено

на

Шпанскиот тим Синфин оствари гостинска победа над Пуерто Сагунто, а македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски беше меѓу најдобрите во победничкиот тим.

Натпреварот од шпанската АСОБАЛ лига беше решаван во завршницата, а ако на полувреме Синфин имаше минимална предност, во вториот дел обезбеди победа со резултат 26:28.

Димитриевски постигнал 5 голови од 8 обиди и бил еден од најдобрите поединци на теренот, додека поефикасен од него бил само Бесера кој реализирал 8 пати.

На спротивната страна, Лопез со 9 голови бил предводник на Пуерто Сагунто, но оваа екипа продолжи да ниже порази и е на претпоследното место на табелата.

Синфин и Димитриевски остварија две победи на последните три средби и малку се одлепија на дното и барем привремено побегнаа од опасната зона во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни