Поврзете се со нас

СЕХА лига

Дибиров: Столе е срцето на овој тим, ќе видиме како ќе се справиме без него

Објавено

на

Во отсуство на капитенот Стојанче Стоилов кој поради коронавирусот ќе го пропушти завршниот турнир во СЕХА лигата, полуфиналните двобои денеска ги најави Тимур Дибиров, искусното руско крило кое ја прифати улогата на лидер во ситуација кога го нема Столе.

Вардар утревечер ќе игра против добро познат ривал во полуфиналето во регионалното натпреварување, бидејќи составот на ППД Загреб во изминатите сезони во безброј наврати играше со нашиот најдобар тим.

За разлика од претходните и вообичаени Ф4 турнири, овој ќе биде поразличен од сите останати поради тоа што ќе се игра пред лимитиран број публика, но и поради фактот што тимовите се невоиграни и ќе се натпреваруваат во ситуација кога се уште ги немаат доработено подготовките.

– Откако сум во Вардар, секој завршен турнир е поразличен од претходниот, па и овој го чекаме со посебен мотив. За разлика од обично, сега влегуваме во полоша форма на Ф4 и сигурно сите очекуваат да играме доста подобро од она што го прикажавме против Пелистер и Нексе. Имаме 10 нови ракометари и таков тим не се воигрува во два месеци. Ќе биде потребно време, но не бараме оправдување. Одиме од натпревар во натпревар, наша цел секако е да играме во големото финале, – изјави Дибиров и додаде.

– Столе не е само наш капитен, тој е срцето на овој тим. Многу ќе ни недостасува и ќе видиме како ќе се справиме без него. Одиме чекор по чекор, сезоната ја започнуваме од „нула“, – додаде Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни